Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со прашањето за организирање претседателски избори во Украина. Според него, првиот состанок ќе се одржи веќе оваа недела, каде што ќе се разгледаат можностите за спроведување избори во воени услови, иако Уставот на Украина забранува избори за време на вонредната состојба …

Continue Reading

Намалена видливост на Ѓавато и во Крушево

Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри утрово има на планинскиот премин Ѓавато и Крушево, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да …

Continue Reading

(Видео) Маскиран маж ја прекина божиќната миса во катедрала во Келн

Илјадници верници се собраа на Бадник во Келнската катедрала за да ја прослават божиќната миса, но празничната атмосфера одеднаш беше нарушена од бизарен испад на маскиран маж. Инцидентот ги шокираше присутните и брзо стана тема на социјалните мрежи, пишува германскиот „Билд“. Како што потврди полицијата за „Билд“, маж облечен во црна наметка искочи од толпата, со впечатлива златна маска на …

Continue Reading

Министерот Столиковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во неговото Министерството, а во која биле службеници од ДУИ кои биле отпуштени на 24 декември. „Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја …

Continue Reading

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени

Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. …

Continue Reading

Без вода делови од Карпош

Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош. „Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

Continue Reading

(Видео) Фокс и Вембањама за нова победа на Спарс против Оклахома

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс, во Оклахома ги победија актуелните шампиони со 117:102, во рамките на божиќната програма во НБА лигата. Сан Антонио го добија и третиот меч против Оклахома од почетокот на сезоната. Актуелните шампиони досега забележаа пет порази во 31 натпревар, три од нив ги забележаа во натпреварите со франшизата од Тексас. Во првата четвртина, Оклахома добро започна …

Continue Reading

Реал по дисконтна цена ќе го врати Нико Паз во Мадрид

Реал Мадрид, во летниот преоден рок, ќе го ангажира играчот на Комо, Аргентинецот Нико Паз. Според шпанскиот „Ас“, Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, бидејќи „кралскиот клуб“ поседува 50 проценти од договорот на аргентинскиот офанзивен играч за врска. На лето, Реал Мадрид ќе му плати на Комо девет милиони евра и ќе го задржи …

Continue Reading

(Фото) Искинат дрес на Марадона продаден за рекордни 180.000 долари

Дресот на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, беше продаден на аукција за околу 180.000 американски долари. Станува збор за дресот на Барселона, кој Диего Марадона го носеше во финалето на Кралскиот куп во 1984 година против Атлетик Билбао, објави „Мундо Депортиво“. Дресот на Марадона бил скина во текот на тепачката на теренот. а Барселона го загуби финалето со 0:1. …

Continue Reading