Променливо облачно време со температура до 32 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со …
Continue Reading
Историски договор во Евролигата – Франциско се сели во Асвел
Веќе неколку недели во Франција се најавува нов голем кошаркарски проект, Асвел ќе биде тимот во кој ќе се инвестираат огромни пари, а вечерва започна реализацијата на тој проект. Еден од најдобрите кошаркари на Евролигата, Силван Франциско, ќе го напушти Жалгирис на крајот од сезоната и ќе потпише договор со Асвел, кој ќе биде историски. Францускиот плејмејкер ќе има плата …
Continue Reading
Зеленски објави писмо до Путин: „Украина предлага крај на војната“
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, испрати отворено писмо до рускиот претседател, Владимир Путин, упатувајќи лична покана и нудејќи средба лице в лице за да се стави крај на војната. Писмото беше објавено еден ден откако Украина изврши голем напад врз Санкт Петербург, погодувајќи големо нафтено складиште и воени цели истото утро кога Путин беше домаќин на светските лидери во градот за …
Continue Reading
Ливерпул има нов тренер
Фудбалскиот клуб Ливерпул, официјално има нов тренер. Шпанецот Андони Ираола (43) го потпиша договорот по заминувањето на Арне Слот. Ливерпул одлучи да го смени тренерот, по лошата сезона, освоеното петто место во Премиер лигата и забележано 19 порази во сите натпреварувања. „Многу сум возбуден. Ливерпул е голем, огромен клуб, еден од најголемите во светот. Само кога ќе влезете внатре сфаќате …
Continue Reading
Бајката продолжува, Хавлинска против Андреева за титулата на Ролан Гарос
Мира Андреева и Маја Хавлинска ќе се борат за титулата на Ролан Гарос. Во полуфиналните мечеви, Андреева ја победи Марта Костјук, а Хавлинска беше подобра од Дијана Шнајдер. 19-годишната Андреева, ја декласира Украинакта Костјук. За само 77 минути, тенисерката од Русија победи со 6:1, 6:3. Во второто полуфинале, по повеќе од два часа игра, Хвалинска ја победи Дијана Шнајдер во …
Continue Reading
Вучиќ по депортацијата на српски државјани од Тиват: Тие не се криминалци, немаа ниту палки ниту боксери
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој е во Тиват по повод учеството на самитот на Европската политичка унија, одговори на прашања од новинари за депортираните српски државјани. Во таа прилика, Вучиќ изјави дека меѓу нив нема ниту еден криминалец, пишува Nova.rs. „Денес би се појавил сосема поинаку и би рекол: „Се извинувам на нашите домаќини“. Тие немаа оружје, ништо грдо, ништо …
Continue Reading
Рубио: Нападот на Иран врз Кувајт е скандалозен и неприфатлив
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги осуди нападите на Иран врз Кувајт, нарекувајќи ги скандалозни и неприфатливи, објави американскиот Стејт департмент. За време на состанокот со кувајтскиот министер за надворешни работи, шеикот Џарах Џабер Ал-Ахмад Ал Сабах, Рубио изрази сочувство до семејствата на убиените и повредените и рече дека САД се со кувајтскиот народ во ова тешко време. Средбата …
Continue Reading
Дмитриев: Трилатерални разговори со Украина се можни кога ќе биде вистинско време
Разговорите меѓу Русија и САД за економски и енергетски прашања продолжуваат и покрај паузата во мировните преговори за Украина, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател, Владимир Путин, Кирил Дмитриев, додавајќи дека трилатералните разговори со Украина се можни кога „ќе биде вистинско време“. На 18 мај, Кремљ изјави дека мировниот процес меѓу Русија и Украина е паузиран, но дека Москва очекува …
Continue Reading
Германија и Франција предлагаат нов модел на проширување на ЕУ на Балканот
Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, Германија и Франција испратија нон-пејпер во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Југоисточна Европа и Молдавија и поедноставување на процесот на преговори, кој би продолжил да се базира на заслуги. Во овој неформален документ, Берлин и Париз ја повикуваат Комисијата да презентира предлози за олеснување на постепената интеграција на …
Continue Reading