(Видео) Се чини дека Јокиќ го избегна најлошото
Денвер Нагетс и негвоите навивачи, но и сите вистински кошаркарски фанови можат да здивнат. Неофицијално повредата на Никола Јокиќ не е серизона. За потсетување, лидерот на Денвер и лидер во МВП трката, во НБА лигата, го повреди коленото, во финишот на првото полувреме, против Мајами Хит. Како што објави „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на извори блиски до Денвер, првите индикации …
Continue Reading
Фон дер Лајен: Пристапувањето на Украина во ЕУ е клучна безбедносна гаранција
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија е клучен дел од идните безбедносни гаранции на земјата. Нејзината изјава доаѓа по разговорите меѓу европските лидери за мировните преговори кои заглавија откако Русија ја обвини Украина за напад врз приватната резиденција на Владимир Путин, објави Euronews. По видео повикот со лидерите на Германија, …
Continue Reading
УЈП најави привремен прекин на електронските услуги од 16 часот
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници. Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни. Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.
Continue Reading
Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство
Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото. „Донесувањето на овој закон претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за …
Continue Reading
Лимани: Нашиот пристап кон развојот на Гостивар е планиран, еднаков и инклузивен
Кандидатот за градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, кажа дека нивниот пристап кон развојот на градот е планиран, еднаков и инклузивен. Тој денеска на прес – конференција презнетираше дел од проектите од неговата изборна кампања. „Еден од најважните проекти е изградбата на новиот мост над реката Вардар, наречен „Мост на слогата“. Сите административни и правни постапки за овој проект се завршени …
Continue Reading
Николоски: Инвестираме 21 милион евра за набавка на нови пет електрични локомотиви
Инвестираме 21 милион евра за набавка на пет нови електрични локомотиви кои ќе бидат од суштинско значење за зголемување на карго-транспортот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и директотот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ го потпишаа Договорот за заем од ЕБРД за набавка на нови електрични локомотиви. Николоски …
Continue Reading
ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари
Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето. Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 …
Continue Reading
Бренан Џонсон го напушти Тотенхем
Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти клубот, но не и местото на живеење, потврди „Скај Спортс“. Според овој извор, Тотенхем прифатил понуда вредна 40.000.000 евра, за напаѓачот кој не е во плановите на Томас Франк. Џонсон оваа сезона одигра само 600 минути во Премиер лигата, најчесто влегувајќи од клупата, постигна два гола, од кои по еден во …
Continue Reading
Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника
Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди. По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете …
Continue Reading