Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи

Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам. Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите …

Continue Reading

Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки

Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила. Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег …

Continue Reading

Трифонов по инцидентот во Скопје: Со сила, убавина не бива – ЕУ ќе ја гледате низ искривена леќа

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов се огласи во врска со инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од страна на македонските власти. Според Трифонов, …

Continue Reading

Евролигата сака да ја тужи НБА

Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“. Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години. Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои …

Continue Reading

Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните од Абу Даби, каде што присуствуваше на отворањето на Неделата на одржливост 2026 и се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед. Вучиќ изјави дека државата мора сериозно да се насочи кон развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека светот влегува во нова ера на големи промени. …

Continue Reading

Два мистериозни случаи на Кипар: смрт во руската амбасада и исчезнување на бизнисмен

Руската амбасада на Кипар вчера соопшти дека минатата недела починал еден од вработените во амбасадата, додека локалните медиуми наведуваат дека причината за смртта била самоубиство. Во соопштението на амбасадата се наведува дека вработениот, идентификуван само како А. В. Панов, починал во четврток, а неговата смрт е опишана како „длабока лична трагедија за семејството и најблиските“. Дипломатската мисија не ја наведе …

Continue Reading

САД со предупредување: Американците веднаш да го напуштат Иран

Американското претставништво за Иран ги повика американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека немирите низ земјата продолжуваат да ескалираат. Во соопштението се наведува дека граѓаните треба да заминат без помош од американската влада, а доколку тоа не е можно, да најдат безбедно место. Се предупредува и на можни прекини на интернетот и се препорачува, доколку е безбедно, напуштање …

Continue Reading

ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија. „Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во …

Continue Reading

Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени

Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит. На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град. Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е …

Continue Reading