Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет
Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ денеска, во Охридската сала на Собранието, дадoa свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Јошевска-Анастасовска е адвокатка од Скопје со повеќегодишно искуство од областа на Кривичното право. Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со академска кариера на Факултетот за правни и политички науки …
Continue Reading
(Видео) Капсула со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата
Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија. Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ се спушти со падобран во мирните води покрај Сан Диего, завршувајќи повеќе од 10-часовно спуштање од Меѓународната вселенска …
Continue Reading
Иранските власти ги споредија демонстрантите со Исламска држава
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во кое повикува на спротивставување на „сите форми на странско мешање“ во Иран, објавија државните медиуми. Во писмото, Арагчи ги опишува граѓанските протести против владата како насилни и терористички, наведувајќи дека тие претставуваат дејствија „против територијалниот интегритет и националните интереси на Иран“. „Во …
Continue Reading
Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција
Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци, извести СВР Велес. – Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.
Continue Reading
(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања
Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, …
Continue Reading
Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, со посебен фокус на Киев, кој се соочува со последиците од руските напади што ги оставија жителите без струја, греење и вода при температури под нулата. Откако руските напади пред пет дена ја оштетија енергетската инфраструктура во главниот град, големи делови од Киев се соочуваат со прекини во снабдувањето со …
Continue Reading
Баерн подготвува сензационален трансфер
Баерн Минхен, има намера да го ангажира Бруно Фернандеш (31) и да го комбинира со Хари Кејн, пишува британскиот „The i Paper“. Извесно е дека Португалецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Овој извор не открива дали намерата на Баерн е да го реализира трансферот во зимскиот преоден рок. Овој извор, потенцира дека за клубовите кои не се …
Continue Reading
„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“
Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да биде унапреден и да детектира и фрлање отпадоци и отпушоци од цигари од возилата. Како што информираат од организацијата преку објава на социјалните мрежи, петицијата била лично доставена до Владата и до Министерство за внатрешни работи. Од „За почиста Македонија“ …
Continue Reading
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина. Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската …
Continue Reading