Туск: Нападот на една земја од НАТО врз територијата на друга би бил крај на светот каков што го знаеме
Премиерот на Полска, Доналд Туск, изјави дека земјата нема да испрати војници во Гренланд, додавајќи дека нападот на една земја од НАТО врз територијата на друга би бил „крај на светот каков што го знаеме“. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Гренланд е клучен за безбедноста на неговата земја и дека тие мора да го поседуваат за …
Continue Reading
Драма во кумановско: Удрил полицаец со автомобил и избегал, испалени неколку куршуми во бркотницата
Полицијата уапси жител на кумановско Романовце, не почитувал наредба, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да побегне. Вчера во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце. Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди …
Continue Reading
Роналдо во 2025 година заработил двојно повеќе од Меси
Кристијано Роналдо повторно е на врвот на годишната листа на „Спортико“ на најплатени спортисти. Португалецот заработил двојно повеќе од неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси во текот на 2025 година. Напаѓачот Ал-Наср остварил приход од 260 милиони долари, а на листата на 100-те најплатени играчи има вкупно 13 фудбалери. Роналдо, трета година по ред е на врвот на листата на „Спортико“, …
Continue Reading
Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи. Тој кажа дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи. „Не прекин, не црна листа, туку пауза, ќе напоменам за постапки за иселенички визи“, рече Муцунски. Министерот појасни дека не е загрозено издавањето туристички визи, студентски визи …
Continue Reading
Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307. Налогот е доставен до Агенцијата за електронски …
Continue Reading
Русија загрижена од испраќањето војници во Гренланд: „Се поттикнува вештачка хистерија“
Руската дипломатија изрази „сериозна загриженост“ поради најавата на НАТО за дополнително распоредување војници во Гренланд, по состанокот на данските, гренландските и американските лидери во Белата куќа. „Наместо конструктивна работа во рамките на постојните институции, особено Арктичкиот совет, НАТО го избра патот на забрзана милитаризација на Северот и го зајакнува своето воено присуство под измислениот изговор на растечката закана од Москва …
Continue Reading
Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари, инвестираме во нова градинка во Центар
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски. „Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски. Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на …
Continue Reading
Кремљ се согласува со Трамп: Зеленски виновен што конфликтот сè уште не е решен
Москва ги поддржа изјавите на Доналд Трамп, кој во интервју за „Ројтерс“ одговорноста за продолжувањето на конфликтот му ја припиша на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Скај њуз“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија се согласува со оценката на Трамп. „Тука можеме да се согласиме, навистина е така“, рече Песков. Тој истакна дека претседателот Путин и руската страна …
Continue Reading
Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет
Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ денеска, во Охридската сала на Собранието, дадoa свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Јошевска-Анастасовска е адвокатка од Скопје со повеќегодишно искуство од областа на Кривичното право. Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со академска кариера на Факултетот за правни и политички науки …
Continue Reading