Девојката која падна од балкон во Тетово била малтретирана од татко ѝ, соопшти полицијата
Малтретирана од татко ѝ била 19-годишната девојка која на 14 март падна од балкон во Тетово. МВР соопшти дека таткото самиот се пријавил во полиција во текот на вчерашниот ден, по што со него бил извршен службен разговор. „Полициските службеници утврдиле дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“, велат од МВР. Се додава дека, по насока …
Continue Reading
ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите
ОКТА АД – Скопје потврдува дека претходно најавениот попуст е применет за сите клиенти. Оваа придобивка, како што велат од компанијата, е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена. „Иницијативата е доброволна, се спроведува на големопродажно ниво, …
Continue Reading
Министерството за одбрана: Предвидени се 12 милиони евра за обнова на касарните
Министерството за одбрана реагираше на написите и обвинувањата за несоодветни услови во Армијата, наведувајќи дека станува збор за информирање на јавноста, а не за ПР кампања. Оттаму велат дека се целосно транспарентни и дека редовно информираат за активностите, на кои се поканети сите медиуми. Министерството признава дека дел од армиската инфраструктура не е на највисоко ниво, посочувајќи дека во одредени …
Continue Reading
Топ 20 најомразени земји во светот
Објавена е нова листа на најомразените земји во светот за 2026 година, а на самиот врв, и покрај актуелните конфликти на Блискиот Исток, се најде Кина. Веднаш зад неа следуваат САД на второто и Русија на третото место, со што овие три светски сили продолжуваат да доминираат на врвот на оваа листа. Ставовите за другите земји зависат од низа фактори …
Continue Reading
Ѓорѓиевски на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево
Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење. Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, место низ кое поминале бројни генерации ученици кои таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства. Градоначалникот потсети дека во …
Continue Reading
Во Албанија усвоена резолуција: Иран е земја што спонзорира тероризам
Денес, Парламентот на Албанија усвои резолуција со која Иранската револуционерна гарда ја прогласи за терористичка организација. Во резолуцијата се наведува дека Иран е земја што спонзорира тероризам, пренесува АП. Резолуцијата ја предложи Социјалистичката партија на Албанија, а беше усвоена на пленарна седница на која не присуствуваа претставниците на Демократската партија на Албанија, објави агенцијата АТА. Претседателот на парламентарната група на …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните
Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните. Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов, истакна Бране Петрушевски, пратеник на …
Continue Reading
Филипче: Нема да дозволиме СДСМ да се дели одвнатре, одлуката за Шилегов донесена со консензус
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството е донесена едногласно, по направени внатрепартиски проверки. Тој нагласи дека се работи за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. „Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така …
Continue Reading
Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировниот процес
Киев продолжува со залуден отпор наместо да донесе одговорна одлука и да го отвори патот за мировниот процес, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. „Киевскиот режим продолжува со залуден отпор наместо да донесе неопходна, одговорна одлука и да го отвори патот за продолжување на мировниот процес“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости. Тој изјави дека …
Continue Reading