Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе …

Continue Reading

(Фото) Холандија донира специјализирани возила за МВР за превоз на мигранти и затвореници

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик Де Брост. Донацијата се состои од две …

Continue Reading

Се очекува автопатот Прилеп-Битола да биде завршен во 2028 година, Николоски на увид рече дека се работи со силна динамика

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија …

Continue Reading

„Сакам да бидам подобар родител од својот татко“: Изјавата на принцот Хари што одекна во светот

Британскиот принц Хари за време на посетата на Австралија изјави дека сака да биде подобар родител од својот татко, британскиот крал Чарлс III, нагласувајќи дека секоја генерација треба да го подобри начинот на кој се воспитуваат децата. Хари нагласи дека немал намера да ги критикува своите родители, вклучително и Чарлс, но дека верува дека секоја генерација треба да го подобри …

Continue Reading

Меси има нов тренер

Интер од Мајами, актуелниот шампион на американската професионална фудбалска лига МЛС, го назначи 62-годишниот Гилермо Хојос, долгогодишен пријател на најголемата ѕвезда на клубот и за многумина најдобриот играч на сите времиња, Лионел Меси, за нов тренер. Хојос досега беше спортски директор на клубот, а на тренерската позиција го замени Хавиер Маскерано, кој го напушти клубот во вторник од лични причини. …

Continue Reading

Почина еден од основачите на бендот „Дивље јагоде“

Еден од основачите на рок-групата „Дивље јагоде“, Нихад Јусуфходжиќ, почина во средата во Бихаќ. Музичарот имаше 73-години, а во последните неколку месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ. За него претходно биле организирани и акции за дарување крв. Веста за неговата смрт потресе бројни колеги, а од него се прости и пејачот Анте Јанковиќ. „Денес ме затекна вест која …

Continue Reading

Колку често треба да ги перете завесите?

Експертите предупредуваат дека завесите собираат прашина, алергени и мириси. Завесите често се занемарен детаљ во домот, иако играат важна улога во одржувањето на свежината и квалитетот на воздухот. Иако на прв поглед изгледаат чисти, всушност брзо акумулираат прашина, полен, чад и непријатни мириси. Не постои единствено правило за тоа колку често треба да се перат, но повеќето експерти препорачуваат интервал …

Continue Reading

Првиот човек на УЕФА, Чеферин во официјална посета на ФФМ

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар …

Continue Reading

Хоџа до граѓанските организации: Да работиме заедно за вистински зелен пресврт

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на денешната Национална конференција за природа, каде истакна дека заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси. „Да работиме заедно за вистински зелен пресврт“, порача тој, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор. Во своето обраќање, Хоџа стави фокус на новиот Закон …

Continue Reading