Хоџа до граѓанските организации: Да работиме заедно за вистински зелен пресврт


hodza.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на денешната Национална конференција за природа, каде истакна дека заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси.


„Да работиме заедно за вистински зелен пресврт“, порача тој, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Во своето обраќање, Хоџа стави фокус на новиот Закон за природа, кој овој месец се објавува на ЕНЕР и упати повик до сите организации активно да учествуваат во јавната расправа. Според него, потребно е знаењето од терен за да се создаде систем што трајно ќе ги штити природните вредности и биодиверзитетот.

Министерот истакна дека се работи на повеќе повеќе фронтови за заштита на природата. Се усогласуваат законите со ЕУ директивите за живеалишта и птици. Се развива мрежата Натура 2000 и се прогласуваат нови заштитени подрачја. Во подготовка е новата стратегија за биодиверзитет, а преку BIOFIN се работи на стабилно финансирање. Паралелно, се воспоставува регионален систем за отпад кој ќе стави крај на дивите депонии во природа. ”Целта е јасна – одржлив траен систем, не привремени решенија”, заклучи Хоџа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK