Трамп: Изборите во Америка се толку наместени што не можете ниту да замислите

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно упати остри обвинувања против американскиот изборен систем, тврдејќи дека изборите во земјата биле во голема мера наместени и посочувајќи на спорното броење на гласовите во трката за градоначалник на Лос Анџелес. „Нашите избори се толку наместени што не можете ниту да замислите“, рече Трамп за време на своето обраќање пред новинарите, според …

Continue Reading

Аутсајдерот Линколн го победи Хајдук без шут во рамката на голот

Во третото коло од Конференциската лига, Хајдук загуби со 1:0 на гостински терен против Линколн Ред Импс од Гибралтар, а тој резултат донесе необичен рекорд. Линколн стана првиот тим во историјата на Конференциската лига што победил на натпревар без ниту еден удар кон голот. Шампионот на Гибралтар стигна до победата во 89-та минута, благодарение на автоголот на Денис Хаџикадуниќ. По …

Continue Reading

Божиновска од Загреб: Енергетската безбедност веќе не е само стратешка опција, туку неопходност – Македонија ги реализира клучните регионални поврзувања

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб. На состанокот, на кој што учествуваа министрите од регионот и претставниците на европските институции се разговараше за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар. „Енергетската безбедност и диверзификацијата повеќе не …

Continue Reading

Уапсен 43-годишен кочанец осомничен за четири тешки кражби во домови

Полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.С. (43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот, соопшти МВР. По судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичните дела. По целосно документирање на случаите, против осомничениот ќе …

Continue Reading

Тешка автобуска несреќа во Франција

Во автобуска несреќа што се случи утрово во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, има повеќе настрадани лица, потврдија локалните власти, пренесува „Ројтерс“. Засега има спротивставени информации за видот на автобусот. Министерот за образование Едуар Жефре изјави дека станува збор за училиштен автобус, додека префектот на регионот наведе дека во несреќата учествувал меѓуградски автобус. Француската телевизија БФМ ТВ …

Continue Reading

ДЕНЕС НА СФФ 2026: Интензивни авторски приказни, европски остварувања и мастерклас со Драган Бјелогрлиќ

Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал носи содржајна и разновидна програма што ги спојува култната филмска традиција, современите европски краткометражни филмови и големите регионални кинематографски имиња. Денот започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со вториот фестивалски мастерклас со познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој пред домашната публика и младите филмски професионалци ќе сподели искуства за создавањето …

Continue Reading

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2026 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 …

Continue Reading

Во текот на викендот, планирани системски прилагодувања во банките за примена на новите стандарди во платниот промет

Македонската банкарска асоцијација информира дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од 09.11.2026 година (понеделник). Активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта …

Continue Reading

Позајмила 4.000 евра, ги вратила со камата од 2.500 евра, но заканите продолжиле – истрага против криминална група

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување …

Continue Reading