Во кината лани биле прикажани 939 филмови, а ги гледале 274 279 луѓе

Во кината низ земјава минатата година биле прикажани 939 филмови, имало 11 326 кинопретстави на кои присуствувале 274 289 посетители, соопшти Државниот завод за статистика. Во 2022 година, во споредба со 2021 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 5.4 %. Со податоците се опфатени 13 кина.

Continue Reading

Стотици илјади лица ќе бидат евакуирани додека Бангладеш и Мјанмар се подготвуваат за силен циклон

Бангладеш и Мјанмар денеска се подготвуваат за евакуација на стотици илјади жители од крајбрежните области поради најавата за силен циклон во Бенгалскиот залив. Претставници на метеоролошките служби соопштија дека циклонот Мока се очекува во недела со ветер со брзина до 175 километри на час да ја покрие областа помеѓу Кокс Базар во Бангладеш и Кјаукпју во Мјанмар. Држава во која …

Continue Reading

Следната недела специјалиот кинески претставник почнува мировна мисија во Украина

Кина најави дека нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања следната недела ќе ја започне својата мисија за изнаоѓање политичко решение за украинско-руската криза, јавува Анадолија. Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Ли Хуи, специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања, од понеделник ќе ги посети Украина, Полска, Франција, Германија и Русија. „Тој ќе комуницира со сите страни заради политичкото …

Continue Reading

Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ наставата се одвива нормално

По вчерашниот случај со пораката на матурант во штипската Гимназија „Славчо Стојменски“, а која учениците и родителите ја протолкувале како заканувачка, денеска во соопштението на Јавно обвинителство се наведува дека Основното јавно обвинителство-Штип е известено за настанот. – Станува збор за пријава против полнолетно лице – матурант за наводни закани преку објава на една социјална мрежа. Се преземаат повеќе дејствија …

Continue Reading

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

Во март годинава во земјава се регистрирани 47 490 туристи, од кои 32.5 % се домашни туристи, а 67.5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во март изнесува 94 985, од кои 36.4 % се од домашните туристи, а 63.6 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот …

Continue Reading

Високиот суд во Исламабад го одложи апсењето на поранешниот премиер Кан за две недели со кауција

Високиот суд во Исламабад денеска по сослушувањето го одложи апсењето на поранешниот премиер Имран Кан за две недели со кауција по обвиненијата за корупција. Кан денеска беше сослушан во истиот суд од кој пред една недела силите на агенцијата за борба против корупција го уапсија многу драматично без никакво претходно објаснување. Адвокатот на Кан, Бабар Аван, рече дека судот денеска …

Continue Reading

Викторија Аврамовска Мадиќ: Станува збор за лапсус, мислев на Евреите, им се извинувам на егејците

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска на прес-конференција во Министерството за правда појави дека вчера направила ненамерна грешка, кога во интервјуто за ТВ 24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и егејците, појаснувајќи дека мислела на Евреите. Таа им се извини на егејците за направената грешка. – Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам …

Continue Reading

Курти: Во дијалогот со Србија, Косово е конструктивно и креативно

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Приштина оцени дека Косово во дијалогот со Србија е конструктивно и креативно и додаде дека би сакал да го забрза процесот на дијалог и да ги спроведе постигнатите договори. „Вложуваме напори да создадеме доверба меѓу партнерите. Сите земји имаат право да го следат европскиот пат. Би сакале да го забрзаме дијалогот и да ги …

Continue Reading

Хаџи Василева: Се надевам дека на наредното рочиште конечно ќе се соочиме во судница на судењето за Жан Митрев

Се надевам дека наредното рочиште конечно ќе почнеме да се соочиме во судница, како што е редот, како што предвидел Законот, каде единствено можеме да ги изнесувам фактите, доказите, изјави обвинителката Искра Хаџи Василева по денешното одложување на судењето против Жан Митрев. Според обвинителката, повторното одложување е неразумно. – Со широко отворени очи, ова го велам бидејќи се забележува тенденција …

Continue Reading