Следната недела специјалиот кинески претставник почнува мировна мисија во Украина

hui
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина најави дека нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања следната недела ќе ја започне својата мисија за изнаоѓање политичко решение за украинско-руската криза, јавува Анадолија.







Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Ли Хуи, специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања, од понеделник ќе ги посети Украина, Полска, Франција, Германија и Русија.

„Тој ќе комуницира со сите страни заради политичкото решение на украинската криза“, објави кинеската јавна телевизија CGTN.

Соопштението дојде откако кинескиот претседател Си Џинпинг минатиот месец во нивниот прв телефонски разговор од почетокот на војната во Украина му кажа на својот украински колега Володимир Зеленски дека Пекинг ќе испрати специјален пратеник да најде решение за кризата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK