Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата …

Continue Reading

Гувернерот на Флорида, Де Сантис се вклучи во републиканска претседателска трка

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис вчера поднесе документи до Федералната изборна комисија за претседателска кандидатура за изборите во 2024 година. Со тоа Де Сантис ќе биде најголемиот ривал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Де Сантис студирал на елитните универзитети Јеил и Харвард. Покрај тоа, тој беше во американската морнарица и учествуваше во воената интервенција во Ирак. По …

Continue Reading

Празничен концерт на труба и пијано во Делчево

Во организација на НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” синоќа во Делчево се одржа концерт на труба и пијано во изведба на Благојче Ристов и Трајан Митев. Професорите од СМУЦ „Сергеј Михајлов” oд Штип се претставија со разновидна музичка програма карактеристична за инструментите со кои настапуваат. -Заедно со мојот колега интерпретиравме програма од доцниот романтизам од познати светски автори. …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе се обрати денеска на пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин. Како што соопштија од владината прес -служба, на настанот обраќања ќе имаат и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Continue Reading

Украинската армија одбила уште еден напад со дронови врз Киев

Киевската воена управа денеска соопшти дека противвоздушната одбрана во целост одбила уште еден „масовен“ напад на руски дронови. – Русија повторно го нападна Киев од воздух. Според првичните информации, беспилотни летала од типот Шахид учествуваа во овој масовен напад, објави на Телеграм шефот на цивилната и вбоена управа на Киев, Серхи Попко. Тој додаде дека „ангелите чувари на Киев“ ги …

Continue Reading

Зеленски: Испораката на борбени авиони Ф-16 е сигнал дека Русија ќе изгуби во својата агресивна војна

Испораките на борбени авиони Ф-16 за Украина ќе бидат сигнал дека Русија ќе биде губитникот, а колку побрзо се спроведе оваа одлука, толку подобро, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе ја изгуби својата агресивна војна. Ќе биде послаба и изолираа, рече Зеленски во своето редовно ноќно …

Continue Reading

„Украс” – самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева

Изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева, насловена “Украс” ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Музејот на град Скопје. На отворањето на изложбата ќе се обрати директорот на Музејот на град Скопје, Панче Велков а изложбата ќе ја отвори претседателката на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска. Во текстот за каталогот за изложбата на Анита Бошкова Доковска, виш кустос во Музеј на …

Continue Reading

Презентација на платформата „Мое здравје“

Министерството за здравство денеска ќе ја презентира платформата „Мое здравје“ која, како што најави, ќе им овозможи на сите граѓани да имаат лесен пристап и увид во личните здравствени податоци. -Апликацијата вклучува едукативен и интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за …

Continue Reading

Законот за академија за судии и јавни обвинители на Комисијата за европски прашања

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи 54. седница на која на дневен ред е останат само Предлог на закон за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. Останатите точки на дневен ред за кои заврши амандманската расправа беа петте закони поврзани со коридорите 8 и 10д, кои се веќе на пленарна седница.

Continue Reading