Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Како што најави УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а …

Continue Reading

Министерот Спасовски во посета на Одделот на воздухопловни единици

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР денеска ќего посетат Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово. Како што најави МВР, министерот Спасовски ќе има состанок со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следи разгледување на воздухопловите со опрема поставени на платото пред хеликоптерските хангари.

Continue Reading

Конференција „Македонската современа сликовница“ на фестивалот „Литера 2023“

Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ја организира денеска во Музејот на град Скопје. Како што соопштуваат организаторите, конференцијата ќе биде составена од два панела, а е дел од програмата на петтото издание на фестивалот, што годинава се одржува под мотото „Свет со љубов“. -Каде е …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е четврток, 25 мај 2023 година, 145-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 220 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 5 минути, а ќе зајде во 19 часот и 57 минути. Денов трае 14 часа и 51 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде …

Continue Reading

Кирби: САД истражуваат за наводна употреба на американски воени возила во нападот на руска територија

Вашингтон ги разгледува извештаите за тоа дека американски борбени возила биле употребени од Украина во Русија, изјави денеска Џон Кирби, советник за стратешки комуникации во Белата куќа. На брифинг за новинарите тој истакна дека САД јасно му ставија до знаење на Киев дека не подржуваат каква и да било употреба на опрема произведена во САД за такви цели. Ова доаѓа …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 мај. Денеска е Св. Епифаниј Кипарски. Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија. На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир. Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија …

Continue Reading

На денешен ден

1803.- Роден е американскиот писател и филозоф Ралф Валдо Емерсон. Дела: „Природа“, „Друштво и осаменост“, „Поеми“. 1810.- Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започнал бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презела привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година. 1889.- Роден е рускиот конструктор …

Continue Reading

Во Собранието треба да почне дебата за измените на специјалниот закон за коридорите 8 и 10 д

Собранието денеска треба да ја продолжи 115. пленарна седница на која на дневен ред се останати триесетина точки. Меѓу нив се и законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 д. За четири од нив е завршена расправата и треба само да се гласа, додека денеска се очекува да започне дебата за измените и дополнувањата на Законот за утврдување …

Continue Reading

Шефот на дипломатијата и претседавачот со ОБСЕ Османи во посета на Србија

Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на Белград. Како што соопшти МНР, Османи, денеска, во Белград ќе има средби со претседателот на Србија, …

Continue Reading