Уште една средба за зголемување на лимитот на американскиот долг

Преговарачите на претседателот Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, по четиричасовната средба во Белата куќа, истакнаа дека биле „продуктивни“ во обидот да постигнат договор за зголемување на горната граница американскиот долг и избегнување на катастрофално сценарио САД да не може да ги плати своите долгови. Според Мекарти постигнат е напредок во преговорите и истите ќе продолжат. Тој …

Continue Reading

Дали Западот се плаши од победата на Ердоган и неговата економска визија?

Додека Турција се подготвува за вториот круг од претседателските избори во недела, на 28 мај, на кој ќе се избира меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу, светските медиуми предупредуваат на пад на домашниот пазар и на „тешки сценарија“ кои ги очекуваат доколку продолжи сегашната политика. Ердоган во првиот круг водеше со 49,5 отсто од гласовите, …

Continue Reading

Белорускиот нобеловец Бијаљацки префрлен во строг казнено-поправен дом и ништо не се знае за него, тврди неговата сопруга

Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2022 година, белорускиот адвокат за човекови права Алес Бијаљацки беше префрлен пред околу еден месец во озлогласено суровиот затвор во Белорусија и оттогаш ништо не се знае за него, изјави неговата сопруга Наталија Пинчук. Бијалијачки издржува десетгодишна затворска казна, а според неговата сопруга, нема информации за него откако е префрлен во казнено-поправниот дом …

Continue Reading

Тина Тарнер почина на 83 години

Рокенрол-кралицата Тина Тарнер, чии поп-хитови и соул-класици како „The Best“ и „What’s Love Got to Do With It“ ја направија светска музичка икона, почина вчера на 83-годишна возраст, во Цирих, Швајцарија. Родена во американската сојузна држава Тенеси во фармерско семејство, оваа глобална суперѕвезда почнала како еден од придружните вокали во „Кралевите на ритамот“ на нејзиниот сопруг Ајк. Првично се прославија …

Continue Reading

УНХЦР: Во европските земји има над осум милиони украински бегалци

Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) соопшти дека вкупно 8.249.055 украински бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на руската инвазија врз Украина. Според податоците на УНХЦР, само изминатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766. Во периодот од 24 февруари 2022 година до 23 мај 2023 година, дури 2.852.395 лица побарале засолниште во Русија. …

Continue Reading

Интер постави рекорд во Купот на Италија

Интер синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Рим ја победи Фиорентина со 2:1 и го освои Купот на Италија. Двата гола за „неро-азурите“ ги постигна Лаутаро Мартинез (29. и 37. минута). Фиорентина поведе во 3. минута со голот на Николас Гонзалес. Тимот од Милано го освои овој турнир по 6. пат во 21 век, што е рекорд. Лацио има пет трофеи …

Continue Reading

Бајден на комеморација за масакрот во училиште во Тексас повторно повика за забрана на автоматското оружје

На комеморација во Белата куќа по повод првата годишнина од масовното убиство во училиштето во Увалде, во сојузната држава Тексас, американскиот претседател Џо Бајден го повтори својот повик за забрана за продажба на автоматско оружје. Претседателот, во придружба на сопругата Џил, кажа дека тоа е „тежок ден“ за семејствата додека гореа 21 бела свеќа во спомен на 19-те деца и …

Continue Reading

САД ја осудија големата кибер активност под кинеска покровителство

Хакерска група спонзорирана од кинеска држава инфилтрирана е во големите инфраструктурни мрежи во САД, соопшти вчера Вашингтон, неговите западни сојузници и Мајкрософт, предупредувајќи дека слични акции може да се случат ширум светот. Во заедничко соопштение на властите задолжени за безбедноста на информациите во САД, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд, се предупредува дека се забележани „низа активности“ поврзани со „кинескиот …

Continue Reading

Нинова: БСП ќе биде опозиција на владата на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС со ротациски премиери

БСП ќе биде опозиција на таквиот владин кабинет, изјави лидерката на „БСП за Бугарија“ Корнелија Нинова на прашањето на бТВ дали нејзината партија ќе ја поддржи владата предложена од двете најголеми коалиции по парламентарните избори во Бугарија, од „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и ГЕРБ-СДС. На почетокот на неделата, кандидатот за премиер Николај Денков од „Промените продолжуваат – Демократска …

Continue Reading