Кинез пливал 10 часа за да избега на Тајван

Кинез пливал речиси 10 часа од кинеската провинција Фуџијан до тајванските острови Мацу во обид „да избега кон слободата“. Тој притоа побарал помош од туристи на островот Бејган, вториот по големина од островите, откако го каснала пчела. Туристите ги известиле тамошните власти кои пристигнале на местото на настанот и потврдиле дека се работи за нелегален кинески имигрант, пишува „Индипендент“. Растојанието …

Continue Reading

Капацитетот на седиштата за ГН на Мајами ќе се зголеми на 100 илјади

Организаторите на трката во Формула 1 за Големата награда на Мајами ќе го зголемат капацитетот на трибините на 100.000 седишта. Првата трка во Мајами во 2022 година привлече 240.000 гледачи на трибините во текот на три дена. Следната година, капацитетот на трибините беше малку зголемен и на тркачкиот викенд присуствуваа 270.000 гледачи. Во 2024 година организаторите ќе постават нови штандови, …

Continue Reading

Франција наскоро ќе почне со евакуација на своите државјани од Нигер

Франција многу брзо ќе ги евакуира своите државјани од Нигер, јавија британските медиуми , повикувајќи се на соопштение на француското Министерство за Европа и надворешни работи. Најавата доаѓа неколку дена откако воената хунта го собори претседателот Мохамед Базум и ја презеде власта во оваа западноафриканска земја. „Евакуацијата се подготвува. Таа ќе се случи многу скоро“, се наведува во соопштението на …

Continue Reading

Казнети 249 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се санкционирани 249 возачи. Од нив, како што денеска соопштија од МВР, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила со дури над 70 километри на час …

Continue Reading

Повик за субвенциониран студентски оброк за 2023/2024 година, дневниот износ 140 денари

Министерството за образование и наука објави повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, кој ќе биде со дневен износ од 140 денари. За тековните студенти рокот за пријавување е од денеска до 10 август 2023, а за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот …

Continue Reading

Сара Џелили нов потпретседател, Ули Халилај секретар на огранокот на МД „Илинден“ за Голо Брдо

Огранокот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за областа Голо Брдо доби нов потпретседател и секретар со четиригодишен мандат. Врз основа на статутот на друштвото и согласно своите надлежности, претседателот Никола Ѓурѓај донесе одлука за потпретседател на друштвото да ја наименува Сара Џелили, додека за секретар Ули Халилај. – Сара Џелили е член и активист на друштвото, учесник и добитник …

Continue Reading

Грција ќе преземе построги полициски мерки за справување со сообраќајните несреќи на криумчарите со мигранти

Преземање дополнителни построги полициски мерки за справување со зголемениот број сообраќајни несреќи со возила на криумчари со мигранти, кои го прекршуваат законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во североисточниот дел на Грција, била темата на состанокот што го свикал новиот министер за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. Сообраќајните несреќи се …

Continue Reading

Словенечка вечер на „Охридско лето“ со камерниот оркестар „Camerata Academica”

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ влегува во втората половина со словенечката вечер со вечерашниот концерт на Камерниот амсанбл „Camerata Academica” со уметниците Каролина Шантл-Жупан на флејта, Матеј Шарц-обоа, Јоже Котар-кларинет, Зоран Митев-фагот, Јоже Рошер-хорна и Миха Рогина на саксофон. Ансамблот „Camerata Academica” го сочинуваат словенечки музичари, професори на Музичката Академија во Љубљана, а воедно и солисти на оркестарот на Словенечката …

Continue Reading

Џуди Денч сѐ уште не сака в пензија

Познатата британска глумица Џуди Денч, позната меѓу другото и по нејзината улога како М, шефицата на „М16“ во серијалот филмови за Џејмс Бонд, не планира наскоро да се пензионира, вели таа за британските медиуми. – Мислам… Не можам веќе да гледам на филмскиот сет. Не можам ниту да читам. Но, некако се справувам со тоа. Тешко ми е ако имам …

Continue Reading