Формирана стручна комисија што го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот

Донесен е новиот Правилник за ставање лекови на позитивна листа, кој се базира на европските пракси во оваа област вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. Формирана е стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување, информираше денеска на прес-конференција министерот за …

Continue Reading

Навални во затвор не смее да употреби два збора, ако се обиде – следува жестока казна

Опозицискиот руски политичар Алексеј Навални, кој се наоѓа во руски затвор во Сибир, поднесе тужба до Врховниот суд на Руската Федерација барајќи укинување на затворската одредба која им забранува на осудените во комуникација да користат „зборови и изрази прифатени во криминална средина“. Како што е објавено на социјалните мрежи на Навални, тој бил укорен од затворскиот персонал затоа што ги …

Continue Reading

Пад во прометот во номиналната стапка во трговијата на мало со автомобилски горива

Во трговијата на мало во јуни годинава во споредба со јуни минатата година статистиката евидентира пад во прометот само во номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 21,2 проценти. Како што објави Државниот завод за сттаистика, зголемување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 11,5 …

Continue Reading

Клименко: Украина спречи обид на руски диверзанти да ја преминат северната граница

Украина спречи обид на група руски диверзанти да ја премине нејзината северна граница, изјави денеска украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко. „Синоќа граничарите запреле непријателска диверзантско-извидувачка група на државната граница во тргионот на Черниг, на територијата на општина Семјоновка“, рече тој. Командантот на Обединетите сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Сергиј Наев, прецизираше дека четворица вооружени мажи се …

Continue Reading

Четворица загинати и десетици повредени во верски судири во Индија

Четири лица загинаа, а десетици се повредени во верски судири во северната индиска држава Харајана, соопшти денеска полицијата. Судирите избувнаа вчера во областа Нух во Харајана, кога десничарските хинду групи поврзани со индиската владејачка партија Бхаратија Џаната (БЈП) направија процесија до храмот низ областа со мнозинско муслиманско население. Жестоките судири, во кои беа фрлани камења и беше подметнат пожар, започнаа …

Continue Reading

Приведен крадец од Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20.00 часот, го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Од МВР денеска информираа дека тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улицата „Трст“ во Куманово и одзел разни предмети. – А.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од …

Continue Reading

Индустриското производство во јуни со раст од 3,7 отсто на годишно ниво

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2023 година, споредено со истиот период од минатата година бележи пораст од 1,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на …

Continue Reading

Светска недела на доењето, да се поддржи и заштити правото на доење за сите жени

Под мотото „Да го овозможиме доењето, да им помогнеме на вработените родители“ од денеска до 7 август се одбележува Светската недела на доењето. Целта е да се подигне свесноста за значајноста на доењето и мајчиното млеко за мајката и за детето, да се поддржи и заштити правото на доење за сите жени ширум светот. Како што соопшти Центарот за промоција …

Continue Reading

Јавниот превоз утре по неделен возен ред, сите билетарници на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени

Поради државниот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени. Како што информира ЈСП „Скопје“, жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот. Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот …

Continue Reading