Сара Џелили нов потпретседател, Ули Халилај секретар на огранокот на МД „Илинден“ за Голо Брдо

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Огранокот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за областа Голо Брдо доби нов потпретседател и секретар со четиригодишен мандат. Врз основа на статутот на друштвото и согласно своите надлежности, претседателот Никола Ѓурѓај донесе одлука за потпретседател на друштвото да ја наименува Сара Џелили, додека за секретар Ули Халилај.







– Сара Џелили е член и активист на друштвото, учесник и добитник на награди на многу конкурси за поезија на кои настапува како претставник на Македонското друштвото „Илинден“ – Тирана. Таа е владен стипендист на татковината Македонија и студира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на отсек политички науки, стои во соопштението на друштвото.

Ули Халилај е член и активист на друштвото од 2015 година. Во периодот од 2015 до 2021 година беше претседател на огранокот, додека следните четири години беше потпретседател.

За ангажираноста и посебен придонес Халилај во 2016, а Џелили во 2019 година се добитници на благодарници „Илинден“ што ги доделува друштвото.

– Огранок за Голо Брдо, чиј претседател е Фатри Фетаху, ќе продолжи да работи на реализирање на задачите на друштвото, заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство и унапредување на положбата на Македонците во оваа област, се наведува во соопштението.

Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 населени места, од кои 18 се населени со Македонци, а останатите четири се со мешано население, Македонци и Албанци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK