Приведен разбојник од скопско, расчистено кривично дело

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба, вчера во 04:30 часот, лишиле од слобода малолетник од село Мралино, општина Илинден.







Како што информираат од МВР, малолетникот се сомничи дека на 30.04.2023 извршил кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во село Петровец, при што со закана од вработената одзел пари.

-Во службен раговор во полициска станица, во присуство на родител, тој го признал делото, а биле пронајдени и дел од предметите поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK