Барселона – Волфсбург прво распродадено финале во женската Лига на шампиони

Фудбалерките на шпанска Барселона и германски Волфсбург ќе се борат на 3 јуни за трофејот во Лигата на шампиони пред максимален број гледачи (34.120) на трибините на стадионот „Филипс“ во Ајндховен, соопшти денеска Фудбалската федерација на Холандија (КНВБ). За ниту едно од претходните финалиња во женската Лига на шампиони влезниците не беа распродадени, а просечната посетеност на натпреварот за титулата …

Continue Reading

ЈП за бездомни кучиња „Лана“ и Факултетот за ветерина потпишаа договор за соработка

Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња „Лана“ од Струмица и Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје договoрија соработка на полето на ветеринарната медицина. Како што информираа од Општина Струмица, договорот за соработка, денеска во кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов, го потпишале директорката на претпријатието д-р Сузана Стојкова и деканот на факултетот професор д-р Лазо …

Continue Reading

Нинова: БСП ги прекинува разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за состав на новата бугарска Влада

Лидерката на бугарската Социјалистичка партија, Корнелија Нинова попладнево изјави дека одлучиле да ги прекинат сите разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за формирање нова влада во земјата. -Донесовме одлука за прекинување на разговорите со ГЕРБ – ниту за учество, ниту за поддршка, изјави Нинова пред новинарите во Софија. „Доста направивме, хаосот и лицемерието што го демонстрираат не може да продолжи, …

Continue Reading

Најмалку шестмина загинати во циклон во Мјанмар

Најмалку шест лица загинаа, а околу илјада се евакуирани од западниот брег на Мјанмар, откако силен циклон ги погоди таа земја и Бангладеш. При силниот налет на ветрот се повредени повеќе од 700 луѓе од околу 20.000 луѓе кои се засолниле во зградите на ридовите на градот Ситва, како што се манастирите, пагодите и училиштата. Циклонот нанел вода од морето …

Continue Reading

Девет претстави во конкуренцијата за награди и богата програма на МТФ „Војдан Чернодрински“

Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни. Фестивалот ќе почне со претставата „Инферно“ на театарот „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ од Велес на 9 јуни во Прилеп. До 16 …

Continue Reading

Известување за времен режим на улица Александар Урдаревски на 16.05.(вторник) и 17.05.2023г.(среда)

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски со прв слој асфалтна маса, во општина Бутел, на потегот од  населено место Кучевишка бара кон обиколницата, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре …

Continue Reading

Лога: Во најскоро време ќе биде избран новиот Јавен обвинител за врски од Република Mакедонија во ЕВРОПРАВДА

Од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во најскоро време ќе бидат завршени потребните процедури за донесување на одлука за огласот за пријавување кандидати за Јавен обвинител за врски од Република  Македонија во ЕВРОПРАВДА кој сè уште е во тек, изјави министерот за правда, Кренар Лога, во своето обраќање на конференцијата за започнување на проектот на ЕВРОПРАВДА – …

Continue Reading

Одржан координативен состанок за Предлог законот за донирање вишоци храна

Во Дојран денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  учествуваше на координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна. Како што соопштија од  Агенцијата за …

Continue Reading

Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран

Соработката меѓу Македонија и Европравда ќе се интензивира и продлабочи во наредниот период. Министерот за правда Кренар Лога кој е во работна посета на Хаг, оствари билатерална средба со Претседателот на Европравда, Ладислав Хамран. Како што соопшти Министерство за правда, Хамран го истакна задоволството од присуството на министерот за правда Кренар Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на …

Continue Reading