ЈП за бездомни кучиња „Лана“ и Факултетот за ветерина потпишаа договор за соработка

lana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња „Лана“ од Струмица и Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје договoрија соработка на полето на ветеринарната медицина.







Како што информираа од Општина Струмица, договорот за соработка, денеска во кабинетот на градоначалникот Костадин Костадинов, го потпишале директорката на претпријатието д-р Сузана Стојкова и деканот на факултетот професор д-р Лазо Пендовски.

Со договорот е предвидено покрај практичната и теренската настава на студентите и едукација на вработените во Стационарот, соработката да вклучува и изведување на дијагностички процедури и анализа на примероци од животни во лабораториите на факултетот, како и спроведување на здравствената заштита во Универзитетската ветеринарна болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK