Ова е најпродаваниот автомобил во првиот квартал од 2023 година

Компанијата „Јато Динамикс“ собрала податоци за продажбата на автомобили од 53 пазари во светот во првиот квартал од оваа година. По анализата на добиените податоци, откриено е дека Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во првиот квартал од 2023 година. Tesla Model Y Уште во август 2022 година, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објави за време на годишниот состанок …

Continue Reading

Убедливо најевтините места за одмор во Грција

Ако сакате да поминете навистина ефтино. Одморот во јуни е значително поевтин отколку во сезоната, а во Грција може да се најде пакет во последен момент за 29 евра по лице – 7 ноќевања, Пефкохори,  со сопствен превоз. Секако, се зависи од агенцијата, како и од избраниот аранжман, но некои места традиционално се издвојуваат како поповолни од другите. Паралија, Олимпик …

Continue Reading

8 СОВЕТИ ЗА ЛУЃЕТО ЗА АВТОФАГИЈА: Ако сакате да изгубите тежина, треба да го знаете ОВА

Автофагијата е еден од најпопуларните концепти во областа на исхраната во последните неколку години, а научниот принцип на кој се базира е достоен за Нобеловата награда за физиологија и медицина во 2016 година. Ако сте се одлучиле за автофагија, треба да го знаете следново: Ако појадувавте секое утро во 8 часот, продолжете со тоа сега, освен што последниот оброк треба …

Continue Reading

Цената на златото достигнува историски максимум

Цената на златото скокна за 10,94% оваа година, поттикната од геополитичката нестабилност, вклучувајќи ја војната во Украина и зголемената инфлација. Цената на златото ја поддржаа и светските централни банки на земји како Индија, Турција, Кина и Русија, кои купија рекордни количини злато. Kалифорниската Silicon Valley Bank и Signature Bank во Њујорк банкротираа во март. Потоа на ред дојде европската банка …

Continue Reading

Повеќе од половина од големите езера во светот пресушуваат, открива студијата

Повеќе од половина од големите езера и акумулации во светот се намалени од раните 1990-ти, главно поради климатските промени, интензивирајќи ја загриженоста за водата за земјоделството, хидроенергијата и човечката потрошувачка, покажа студија објавена во четвртокот. Тим меѓународни истражувачи објавија дека некои од најважните светски извори на слатка вода – од Каспиското Море меѓу Европа и Азија до езерото Титикака во …

Continue Reading

Екипи од Србија, Бугарија и Холандија на фудбалскиот „Вардар Куп 2023“

Од петок до недела на теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари ќе се одржи второто издание на меѓународниот фудбалски турнир за играчи до 15 години, „Вардар Куп 2023“. На турнирот, како што соопштија организаторите, покрај домаќинот Вардар, ќе настапат белградска Црвена ѕвезда и нишки Раднички, бугарските екипи Национал Софија и Лудогорец, како и холандски Ексцелсиор од Ротердам. …

Continue Reading

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ и оти има „успех“ кај Бахмут

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и соопшти дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут, истовремено намалувајќи го обемот на нападот што Москва тврди дека го одбила. – Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори, напиша на Телеграм заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар. – …

Continue Reading

Ќе се гради водовод преку кој од југот на Албанија со вода ќе се снабдува регионот на Пуља во Италија

Старата италијанска идеја за изградба на водовод што ќе ги поврзе водните извори на југот на Албанија со регионот на Пуља, се чини дека наскоро ќе стане реалност, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Corriere.it. Весникот се повикува на изјавата на претседателот на регионот на Пуља, Микеле Емилијано, кој изјавил дека албанската влада и дала зелено светло на Италија за …

Continue Reading

Медиуми: Австралиецот Постекоглу нов тренер на Тотенхем

Премиерлигашот Тотенхем за долгорочно решение на тренерското место ќе го ангажира Ангелос Постекоглу од шкотски Селтик, јавија денеска британските медиуми. Според истите извори, австралискиот фудбалски стратег со грчко потекло, се согласил да потпише двегодишен договор со Тотенхем, каде ќе се пресели откако минатата сезона ја освои тројната круна во шкотскиот фудбал. Постекоглу (57) седна на клупата на Селтик во 2021 …

Continue Reading