СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

СВР Тетово ги информира жителите на Полошкиот регион дека деновиве ќе се извршуваат вежби на полицајците на отворено за користење на огнено оружје. Предвидени се вежби на подрачјето и на Тетово и на Гостивар. -Секторот за внатрешни работи Тетово на 07, 8 и 9-јуни во стрелачкиот центар „Еребино“ ќе врши боево гаѓање, што секоја година се врши со припадници на …

Continue Reading

Бугарските вина наградени со вкупно 27 медали на светскиот форум во Хрватска

Над 7.500 вина од целиот свет, меѓу кои 73 бугарски вина, учествуваа на овогодишниот престижен вински форум „Mondial de Bruxelles“, чие 30-то издание се одржа во средината на мај во Хрватска. 27 од бугарските претенденти, или речиси 37 отсто, заминаа со медали, надминувајќи го просекот во конкуренција од 25-28 отсто. Ова вклучува три од најпрестижните награди на форумот – Големиот …

Continue Reading

Ковачевски: Медиумите се наш партнер во градење европско, слободно и демократско општество

Заложбата на Владата за креирање амбиент во државата во кој медиумите ќе ја вршат својата работа професионално и независно согласно принципите на новинарството, ослободени од политички и економски влијанија и притисоци, беше истакната на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претставници на Здружението на новинари на Македонија и со претставници на меѓународни новинарски организации. Премиерот Ковачевски ја потенцираше улогата …

Continue Reading

Почина Џим Хајнс, првиот човек кој истрча 100 метри под 10 секунди

Меѓународната атлетска федерација објави денеска дека почина легендарниот американски спринтер Џим Хајнс, првиот човек во историјата кој официјално истрча 100 метри под 10 секунди, и воедно олимписки првак од Мексико 1968. Хајнс починал во саботата на 76-годишна возраст. Американскиот спринтер на државното првенство 1968 во Сакраменто ја истрча патеката од 100 метри за 9.9 секунди, но резултатот не му беше …

Continue Reading

Саудијците преговараат со повеќе од десет фудбалски ѕвезди

Составена е листа со имиња на повеќе од десет фудбалски ѕвезди за кои се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија, а листата ја предводат Лионел Меси и Карим Бензема, јавија денеска светските агенции, повикувајќи се на анонимен извор близок до преговорите. Саудиските екипи покажуваат интерес и за Лука Модриќ, Уго Лорис, Серхио Рамос, Серхио Бускетс, Нголо Канте, Анхел ди Марија и …

Continue Reading

Мајкрософт Аутлук „падна“, илјадници корисници ширум светот без е-пошта

Илјадници корисници на производи на Мајкрософт, меѓу кои и програмата за е-пошта, Мајкрософт Аутлук, денеска имаат проблем да се вклучат на своите профили. – Го испитуваме проблемот со пристапот до Outlook на веб, напиша Мајкрософт на Твитер. Сервисите на Мајкрософт се соочија со најмалку три прекини од почетокот на годината.

Continue Reading

ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска заедно со претставници на пет глобални новинарски и медиумски организации кои се во посета на земјава одржаа средба со премиерот Димитар Ковачевски. Средбата се одржа по барање на ЗНМ, а предмет на разговор беше потребата, Владата и новинарската фела, заедно да изнајдат механизам преку кој ќе се унапреди плурализмот во медиумското известување, но …

Continue Reading

Помалку средства за претстојните 60. Рацинови средби од Министерството за култура

За претстојните Рацинови средби кои по 60. јубилеен пат ќе се одржат од 9 до 15 јуни во Велес градот на поетот Коста Солев Рацин, годинава Министерството за култура издвои 204 илјади денари, што е скоро за 50 проценти помалку споредено со лани кога издвои скоро 382 илјади, информира на денешниот прес Александра Андреева од Општина Велес, а која ги …

Continue Reading

Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур ќе биде секој ден отворена за посетители

Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур ќе биде секој ден отворена за посетители, а историски час ќе има и за дополнителни посети и викенди, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во село Ваташа е споменик на културата заштитена со Закон за заштита на спомениците на културата. Од 1958 …

Continue Reading