Ќе се гради водовод преку кој од југот на Албанија со вода ќе се снабдува регионот на Пуља во Италија

vodovod
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Старата италијанска идеја за изградба на водовод што ќе ги поврзе водните извори на југот на Албанија со регионот на Пуља, се чини дека наскоро ќе стане реалност, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Corriere.it.







Весникот се повикува на изјавата на претседателот на регионот на Пуља, Микеле Емилијано, кој изјавил дека албанската влада и дала зелено светло на Италија за проектот за водоводниот цевковод што ќе го поврзе Ѓирокастро со Галуњано, во Саленто.

Идејата што некогаш му беше предложена на поранешниот премиер Фатос Нано да ја донесе водата со цевковод од изворот на „Синото око“ во Делвина до југот на Италија, сега доби форма на проект и се очекува неговата реализација да чини 1 милијарда евра.

-Албанската влада не овласти да започнеме со планирање на водоводот што ќе ја поврзува Албанија со Италија. Во Албанија голема количина вода се испушта во морето и очигледно има интерес да наплати за тоа. Ние сме заинтересирани да ја земеме затоа што за нас водата значи да му дадеме нов модел на земјоделството, да го унапредиме туризмот и да им дадеме иднина на сите жители на Пуља, изјавил претседателот на регионот Емилијано на прес-конференција во Бари за инвестициите во водоснабдувачкиот систем.

За изградба на потребната инфраструктура ќе бидат потребни 4 години а проектот се очекува да се финансира од ЕИБ, ЕБОР, италијанската држава и регионот на водоводната корпорација Апулија.

Според Corriere.it целта е секоја година да се транспортираат 150 милиони кубни метри вода во Пуља, што за регионот ќе биде стратешка инфраструктура, со оглед на сушата присутна во последните години. Според италијанската страна, Албанија би имала економски бенефит бидејќи би се отвориле околу 8.000 нови директни и индиректни работни места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK