Над 40.000 лица евакуирани во Пакистан и Индија пред налетот на силниот циклон Бипарџој

Повеќе од 40.000 лица се евакуирани во Индија и Пакистан пред пристигнувањето на моќниот циклон Бипарџој, што е придружен со ветрови со брзина од над 150 километри на час, соопштија денеска властите. Циклонот Бипарџој, што на бенгалски значи катастрофа, денеска напредуваше во Арапското Море и се очекува в четврток да удри на тлото  меѓу јужен Пакистан и западна Индија, соопшти …

Continue Reading

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставот на Стево Пендаровски

Стоилковски: Не се сомневавме дека Пендаровски ќе има поинаков став од Ковачевски и неговиот стопан ДУИ, но неговата обврска е да прави што е добро за државата, а не за Ковачевски и ДУИ Не се сомневавме дека Стево Пендаровски ќе има поразличен став од Димитар Ковачевски и нивниот стопан во власта, ДУИ. А замислите да се дрзнеше да има став …

Continue Reading

МФ: Во процес на преговори е Општ колективен договор кој ќе овозможи континуиран, одржлив раст на платите, нема простор за поединечни решенија пред нeгово потпишување

Владата се залага за зголемување на сите плати во државата, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. Поткрепа за ова е континуираниот раст на платите во јавниот и приватниот сектор и покрај неколкуте напоредни глобални економски кризи во изминатите три години, соопшти Министерството за финансии. -Во однос на барањето на дел од даночните работници за раст на платите, истакнуваме …

Continue Reading

Меѓународна конференција на МТФ „Војдан Чернодрински“ за македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност

Театарот има свои посебности од каде што доаѓа, но е универзална уметност и неопходни се соработки и размени на идеи. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е вистинското место, бидејќи сака да ја развива меѓународната програма, беше речено на  меѓународната конференција „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ што денеска се одржа во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ во рамките …

Continue Reading

Рама: Со Курти имаме исти цели, но не одиме по исти патишта, регионот е и наш, не им припаѓа само на Косово и Србија

Албанскиот премиер Еди Рама во врска со односите со косовскиот премиер Албин Курти, оценил дека ” имаат исти цели, но не одат по исти патишта”, јавија медиумите. -Мојата цел и целта на премиерот на Косово се идентични, но,  постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене курсот на судир со нашите сојузници …

Continue Reading

Македонски натпреварувачи во традиционално карате на семинар во Грција

Македонските репрезентативци во традиционално карате од денес до 16 јуни учествуваат на летниот карате семинар и куп Неа Флогита 2023. Овој настан е традиционален и се одржува веќе 10 години по ред на исто место. Семинарот го водат: д-р Венцислав Недев, д-р Дејан Недев и д-р Аљоша Недев. Последниот ден (в сабота) ќе се одржи полагање за појаси како и …

Continue Reading

Средба на Пецаков со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ

Развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, биле во фокусот на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ. На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, биле потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор. – Беше разговарано и за …

Continue Reading

Кривична пријава за заменик командир на Шумска полиција

СВР Битола до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” казниво по член 353 од Кривичниот законик. Како што соопштија денеска од МВР, пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати …

Continue Reading

Средба на претседателот на Собранието Џафери со претседателката на Република Словенија, Мусар

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска остварил средба со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која престојува во официјална посета на земјата. Како што соопштија од собраниската прес-служба, тој ги констатирал одличните тридецениски билатерални односи меѓу двете држави и динамиката на средби на сите нивоа како најголема потврда за взаемната желба за поблиско поврзување меѓу …

Continue Reading