Македонски натпреварувачи во традиционално карате на семинар во Грција

karate
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонските репрезентативци во традиционално карате од денес до 16 јуни учествуваат на летниот карате семинар и куп Неа Флогита 2023.







Овој настан е традиционален и се одржува веќе 10 години по ред на исто место.

Семинарот го водат: д-р Венцислав Недев, д-р Дејан Недев и д-р Аљоша Недев.

Последниот ден (в сабота) ќе се одржи полагање за појаси како и традиционален меѓународен карате куп “Неа Флогита 2023”.

На семинарот покрај македонски каратисти учествуваат и натпреварувачи од Грција, Србија, Бугарија и Романија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK