Најстариот печатен весник во светот – „Винер цајтунг“ престана да излегува

Најстариот дневен весник во светот, виенски „Винер цајтунг“ денеска го објави своето последно печатено издание, по повеќе од три века постоење. Весникот првпат бил отпечатен на 8 август 1703 година под името „Винеришес дијариум“ (Виенски дневник) со цел да пренесе трезвени информации за веста, „без реторичка или поетска помпа“. На насловната страничка денеска осамна – „320 години, 12 претседатели, десет …

Continue Reading

Лидерите на ЕУ повикуваат на итна деескалација на Косово

Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ги усвоија заклучоците од дводневниот самит на кој, меѓу другото, ги осудуваат насилните инциденти на северот на Косово, повикуваат на итна деескалација, во спротивно предупредуваат на негативни последици. Во своите заклучоци, шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ повикуваат на итна деескалација на северот на Косово, врз основа на …

Continue Reading

Истрага против поранешни функционери во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот …

Continue Reading

За борбата против немирите ќе бидат искористени дополнителни средства, изјави Макрон

Дополнителни средства ќе бидат искористени за борба против немирите во Франција, изјави претседателот Емануел Макрон. Изјавата тој ја даде по седницата на Владата за антикризните мерки. Макрон го поздрави „брзиот и адекватен“ одговор на полицијата. „Социјалните медиуми го поттикнуваат насилството“, додаде Макрон. Тој ги повика платформите како Snapchat и TikTok да ги отстранат материјалите и корисниците поврзани со насилство во …

Continue Reading

НБА: Харден ја напушта Филаделфија

Бројни американски медиуми наведуваат дека 33-годишната кошаркарска ѕвезда Џејмс Харден поднел барање до клупското раководство да го напушти НБА лигашот Филаделфија. „Харден и Филаделфија заедно соработуваат во пронаоѓањето нова екипа за кошаркарот“, пишуваат американските медиуми и притоа наведуваат дека во моментов најреални се две опции – Лос Анџелес клиперс и Њујорк, и тоа по тој редослед. Харден, инаку, е роден …

Continue Reading

Објавен Годишниот извештај за извршените ревизии и работата на ДЗР за 2022 година

Државниот завод за ревизија успешно ја реализираше Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година и на ден 26.06.2023 година постапувајќи согласно член 33 став 2 од Законот за државната ревизија („Службен весник на РМ“ бр. 66/2010, 145/2010, 12/2014, 43/2014, 154/2015, 192/2015, 27/2016 и 83/2018 година и „Службен весник на РСМ” бр. 122/2021), Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски …

Continue Reading

Привршува реновирањето на повеќе објекти од Здравствен дом Куманово

Привршува реконструкцијата на неколку објекти под надлежност на Здравствениот дом Куманово, информираа на денешната прес-конференција од здравствената установа. Средствата во висина од околу пет милиони денари се обезбедени од Здравствен дом. Опфатена е реконструкција на детскиот диспанзер во централната зграда, позната како Уред, објектот на Итна помош, амбулантата во населбата „Тоде Мендол“ каде поранешната аптека е веќе лабораторија. – Градежната …

Continue Reading

Стартува граѓанската обврзница, објавен проспектот за првата аукција

Граѓаните од денеска можат да почнат постапка за купување, односно запишување граѓански обврзници – нов финансиски инструмент на домашниот пазар. Министерството за финансии го објави проспектот за првата аукција на вакви обврзници на износ од 600 милиони денари. Минималната сума која може да се запише е 10.000 денари. Купонската камата ќе изнесува пет проценти, а рочноста е две години. -Новиот …

Continue Reading

Викендов облачно со пороен дожд

Од утре попладне и во недела времето ќе биде променливо облачно. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Како што соопшти УХМР, и во Скопската котлина од утре попладне и во недела, повремено …

Continue Reading