Убиен фудбалер од Панама

Дефанзивецот на панамската репрезентација Жилберто Ернандез почина откако беше застрелан во градот Колон во неделата, објавија локалните медиуми. Ернандез (26) играше за Клубот Атлетико Индепендиенте де Ла Хорера во Панамската фудбалска лига, а забележа два настапи за националниот тим. Локалните медиуми објавија дека Хернандез е убиен во престрелка во Барио Норте во градот Колон. Во тој судир се повредени уште …

Continue Reading

Милановиќ по средбата со Милатовиќ: Треба да се забрзаат преговорите меѓу Црна Гора и ЕУ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Загреб по средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека треба да се забрзаат преговорите меѓу Црна Гора и Европската унија за членство, наведувајќи дека доцнењето на процесот може да се објасни само со неодговорност. „Како можете да бидете членка на НАТО и да не можете да ги надминете сите овие непредвидени пречки и …

Continue Reading

Катаклизма во Шпанија: Две лица загинаа во страшна бура, реки од кал носеа автомобили

Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа големи поплави во централна Шпанија во неделата и рано утринава, соопштија властите. Поради невремето затворени се патиштата и линиите на метрото, а прекинати се и брзите возови, соопштија властите. Ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и канти за ѓубре во областите …

Continue Reading

Украинските сили изгубија 140 војници за еден ден во областа Запорожје

Украинските вооружени сили изгубија 140 војници и шест тенкови во изминатите 24 часа во близина на Работин во областа Запорожје, изјави гувернерот на областа Запорожје, Евгениј Балицки. „Во текот на 24 часа, непријателот загуби 140 војници, со исклучок на три лица кои се предале. Исто така, уништени се шест тенкови, еден камион и четири дронови“, напиша Балички на својот канал …

Continue Reading

Во Германија бензинска пумпа го измеша горивото: Стотици автомобили се оштетени

На бензинска пумпа во германскиот град Рајхенсаксен, стотици возачи точеле погрешно гориво во своите автомобили. Германските медиуми јавуваат дека возилата на возачите масовно се расипувале. Корисниците на истата бензинска пумпа од минатата недела имаат проблеми со дефекти на моторот. Според медиумите, на бензинската пумпа очигледно биле заменети контејнери за гориво за дизел и бензин. Затоа во последните денови се повеќе …

Continue Reading

„Не смееме да дозволиме Вучиќ да го спроведе планот на Путин на Западен Балкан“: Порака на Вјоса Османи од Тирана

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во понеделникот на 4 септември ја обвини Србија дека има дестабилизирачки план за Западен Балкан, сличен на оној што таа рече дека Русија го спроведувала во Украина во 2014 година. За време на официјалната посета на Албанија, Османи порача дека сите демократски држави во регионот треба да го спречат спроведувањето на тој план, јавува Радио …

Continue Reading

Милатовиќ: Се залагам за широка влада на Црна Гора

Црна Гора е на крстопат и прашање е дали целосно ќе стане правна држава, изјавил претседателот на оваа земја Јаков Милатовиќ на заедничката конференција со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ, а пренесува „Вијести“. Тој вели дека би сакал Црна Гора што поскоро да добие стабилна влада и да дојде до решение кога станува збор за судството. Мислам дека ова е …

Continue Reading

Американското Министерство за правда бара дозвола за пренос на замрзнатите руски средства во Украина

Американското Министерство за правда бара овластување од Конгресот да ги пренесе замрзнатите руски средства од Америка во Украина, јавуваат медиумите. Вредноста на имотот на руски поединци и компании, кои Вашингтон ги замрзна во САД од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, надминува една милијарда долари, пренесува CBS. „Бараме овластување од Конгресот да ни дозволи да ги користиме приходите …

Continue Reading

Средба меѓу Путин и Ердоган: Еден милион тони жито за најсиромашните,рубља и лири наместо долари

Русија во соработка со Турција и Катар ќе достави еден милион тони жито во најсиромашните земји во Африка, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција по средбата со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Сочи. „И покрај сите пречки што се поставуваат, Русија има намера да продолжи да извезува храна и ѓубрива, да помогне во стабилизирање на цените и …

Continue Reading