Акција за миење и дезинфекција на сите контејнери во Град Скопје
-
деск
-
July 20, 2023
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
ЈП „Комунална хигиена“ започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје. Од јавното комунално претпријатие информираат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок, со тоа што нивните екипи спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. …
Continue Reading
Пронајдени огревни дрва, приведен дрвокрадец од Кичево
-
деск
-
July 20, 2023
-
Општини, Хроника
-
0 Comments
Дваесет и четиригодишен жител од Кичево е приведен ноќеска откако при преглед на возилото што го управувал на патот од село Бигор Доленци кон населбата Бичинци пронајдени се огревни дрва без документација и две моторни пили. Лицето не поседувало ниту документи за возилото. Од МВР денеска информираат дека е приведен М.М синоќа во периодот меѓу 23:00 и 04:00 часот. Исто …
Continue Reading
Членките на ЕУ постигнаа согласност за безбедносните карактеристики на дигиталните уреди
-
деск
-
July 20, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Земјите членки на ЕУ усогласија заеднички став за безбедносните карактеристики што треба да ги содржат дигиталните производи согласно европскиот Закон за кибер безбедност. На состанкот на Комитетот на претставниците на владите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) постигнат е договор за безбедносните карактеристики и барања што треба да ги исполнуваат производите со дигитални компоненти, како што се домашните камери и …
Continue Reading
Митровиќ одбива да игра за Фулам
-
деск
-
July 20, 2023
-
Спорт, Фудбал
-
0 Comments
Александар Митровиќ одбива да игра за Фулам. Според „Sky Sports“, српскиот фудбалер им рекол на роднините дека никогаш повеќе нема да го облече дресот на лондонскиот тим бидејќи за него бараат 52 милиони фунти, цена која би ги исплашила сите заинтересирани клубови. Митровиќ е особено лут што два од предлога на Ал-Хилал беа одбиени. Пини Захави, неговиот портпарол, го повика …
Continue Reading
ЈО: Беспредметна и непотребна е иницијативата на ДКСК во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“
-
деск
-
July 20, 2023
-
Македонија, Хроника
-
0 Comments
Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. -Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува, се наведува во денешното соопштение …
Continue Reading
Премиерот на Тајланд повика на смиреност по отфрлањето на номинацијата на Лимчароенрат за премиер
-
деск
-
July 20, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Премиерот на Тајланд во заминување, генерал Прајут Чан-оча, повика денеска на смиреност по отфрлањето од Парламентот на кандидатурата на Пита Лимчароенрат за негов наследник. Лимчароенрат е победник на последните избори, чија програма се смета за премногу радикална во однос на монархијата и армијата. Партијата „Продолжуваме напред“ на Пита победи убедливо на изборите на 14 мај благодарение на огромната поддршка од …
Continue Reading
Грчко МНР за годишнината од турската инвазија на Кипар: Решавањето на кипарското прашање врвен национален приоритет
-
деск
-
July 20, 2023
-
Балкан
-
grcija, Балкан
-
0 Comments
За Грција решавањето на кипарското прашање е врвен национален приоритет. Во координација со Република Кипар, работиме систематски за создавање услови кои ќе овозможат изнаоѓање праведно, одржливо, функционално и заемно прифатливо решение, соопштија од грчкото МНР по повод 49-годишнината од турската инвазија на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција истакнуваат дека решението на …
Continue Reading
Си Џинпинг во Пекинг се сретна со Кисинџер
-
деск
-
July 20, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг го прими поранешниот државен секретар на САД, 100-годишниот Хенри Кисинџер, иницијатор на историското зближување меѓу Кина и САД во 1970-тите. Средбата, како што јави кинеската државна телевизија, доаѓа во момент кога односите меѓу двете земји се на најниско ниво, и покрај неодамнешната серија дипломатски посети на САД. Кисинџер тајно отпатува во Пекинг во …
Continue Reading
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
деск
-
July 20, 2023
-
Скопје, Хроника
-
0 Comments
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го привеле А.М.(44) од Скопје. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом во с.Волково, скопско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading