Премиерот на Тајланд повика на смиреност по отфрлањето на номинацијата на Лимчароенрат за премиер

тајланд
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Тајланд во заминување, генерал Прајут Чан-оча, повика денеска на смиреност по отфрлањето од Парламентот на кандидатурата на Пита Лимчароенрат за негов наследник. Лимчароенрат е победник на последните избори, чија програма се смета за премногу радикална во однос на монархијата и армијата.

Партијата „Продолжуваме напред“ на Пита победи убедливо на изборите на 14 мај благодарение на огромната поддршка од младите луѓе кои бараат длабоки промени во кралството, со кое владее војската речиси една деценија.



Сепак, вчерашните пресврти ги урнаа нивните надежи, по разрешувањето на Пита од пратеничкото место поради сомневање за изборни нерегуларности и неговата номинација за премиер беше повторно одбиена.

Неговиот план за реформирање на строгиот закон за навреда на монархот создаде јаз меѓу него и сенаторите, кои одбиваат каков било компромис со партијата „Продолжуваме напред“, која се смета за премногу радикална за монархијата.

Речиси илјада демонстранти се собраа синоќа околу Споменикот на демократијата во центарот на Бангкок за да го изразат својот гнев поради одлуката на конзервативните пратеници и сенаторите, да му забранат на Пита (42) да учествува во политиката на неодредено време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK