Митровиќ одбива да игра за Фулам

mitrovikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Александар Митровиќ одбива да игра за Фулам. Според „Sky Sports“, српскиот фудбалер им рекол на роднините дека никогаш повеќе нема да го облече дресот на лондонскиот тим бидејќи за него бараат 52 милиони фунти, цена која би ги исплашила сите заинтересирани клубови.







Митровиќ е особено лут што два од предлога на Ал-Хилал беа одбиени. Пини Захави, неговиот портпарол, го повика раководството на Фулам да ги намали барањата на 35-45 милиони фунти.

Србинот размислуваше да не отпатува со тимот во САД, но неговиот агент и синдикалните претставници го убедија играчот сепак да оди со Фулам на претсезонска турнеја.

Во Премиер лигата во сезоната 2022/23, Митровиќ постигна 14 гола на 24 натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK