Отворена истрага за 19 лица и четири фирми за шверц на цигари, го оштетиле Буџетот за 250 милиони денари

Обвинителството отвори истрага за шверц со цигари со што е направена штета на Буџетот од над 250 милиони денари. Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Царинската управа донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19 физички и четири правни …

Continue Reading

35-годишен маж починал на Клиника: бил донесен во бессознание

Во полициската станица Гази Баба вчера во 16:54 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен Ф.Р.(35) од Скопје, кој набргу починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јaвен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Continue Reading

Малолетници нападнале шест и пол годишно дете: го соблекле и го снимале во соблекувалната од спортска сала во Кочани

Вчера во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријавил дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете. Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за …

Continue Reading

14-годишник нападнат со нож од негов соученик во тоалетот од училиштето

Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот Ф.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик. При нападот му била нанесена расекотина во пределот на раката. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Со гранка од топола усмртен 77-годишен радовишанец

Вчера во 12:30 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Б.(73) од Радовиш. Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата. Од здобиените повреди …

Continue Reading

Oрганизирале борба со кучиња: кривична за три лица од Тетовско и Кумановско

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(35) с.Камењане, Општина Боговиње, А.М.(28) од с.Челопек, Општина Брвеница и С.А.(41) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „убивање и мачење животни“. Имено според полицијата, на 23.03.2026 во објект на поранешен угостителски објект во с.Черкези, пријавените организирале и овозможиле борба со кучиња.

Continue Reading

Краделе тутун од сушари, земјоделска механизација: уапсени две лица во Радовишко

Вчера во 14:00 часот во село Конче, Општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Б.У.(20) од истото село. Тој се сомничи дека во 2024 и 2025 година, заедно со Д.А.(20) од село Конче, извршиле четири кражби на тутун од сушари сопственост на жители на селата Конче и Тополница. Во Полициската станица Радовиш бил повикан и …

Continue Reading

(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена марихуана: двајца уапсени

Вчера во 20:25 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишија од слобода 20-годишниот С.И. од село Лисец и 20-годишниот Р.Џ. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни …

Continue Reading

Претрес во Охрид, пронајдена дрога: уапсен 17-годишник

Вчера во 13:55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 17-годишник од Охрид. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја и дробилка со остатоци …

Continue Reading