Приведен маж од Ресенско, возел пијан


priveduvanje-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 26.05.2025 во 00.23 часот на патот Ресен- Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 47-годишниот Р.Н. од село Златари, ресенско.


При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,89 промили алкохол во крвта.

Р.Н. е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK