ИХФ му дозволи на Хориха да игра за Македонија


screenshot-2026-10-15-110748.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинецот со македонски пасош, Дмитро Хориха, доби дозвола од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) да настапува за репрезентацијата на Македонија.


На оваа тема, говореа првиот човек на Македонската ракометна федерација, Александар Стефанов и селкеторот, Кирил Лазаров.

„Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина“, речер Стефанов.

„Се работи за играч кој има шут од надвор, кој е играч во два правци, кој има победнички карактер и во последните години покажал дека секогаш прави се за неговиот тим да победи“, истакна селекторот Лазаров.

Селекторот Лазаров најави дека списокот на повикани ракометари ќе биде објавен на почетокот на следната седмица, нагласувајќи дека конкуренцијата за секое место во тимот е голема и дека репрезентацијата максимално сериозно ќе пристапи кон претстојните квалификациски натпревари.

Инаку, Дмитро Хориха и е добро познат на македонската јавност, од периодот кога го носеше дресот на Вардар. Во моментов тој го носи дресот на ПИК Сегед.

Foto/ facebook.com/rfmofficial

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK