„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа во која загина Фросина


kulakova-vasil-jovanov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа во која загина, Фросина Кулакова.


Тој одговарајќи на прашање на судијката, Снежана Марковска, дали го разбира делото и дали се чувствува виновен, изрази сочувство до семејството на Кулакова.

„Никогаш не сум мислел дека ќе се случи вакво нешто. Да, виновен сум!“, рече Јованов.

Адвокатот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, во одбрана на својот клиент ги наведе неговите студии, успесите и наградите во боксот. Побара да биде изведена и снимка која покажува дека младиот Јованов веднаш по настанот покажал огромно каење.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK