Бил Гејтс го обвини Маск за убиство на најсиромашните деца во светот

Милијардерот Бил Гејтс го засили својот конфликт со Илон Маск, обвинувајќи го најбогатиот човек во светот за „убивање на најсиромашните деца во светот“ со мерки што ги нарече погрешно насочени намалувања на американската помош за развој, пишува денес „Фајненшл тајмс“. Коосновачот на „Мајкрософт“, кој најави интензивирање на својата филантропска работа во следните 20 години и затворање на неговата Фондација „Гејтс“ …

Continue Reading

„Ако Путин не се согласи, ние ќе бидеме подготвени“: Макрон за прекинот на огнот меѓу Русија и Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека синоќа разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за прекинот на огнот во Украина. Макрон рече дека го поздравува јасниот повик на Трамп за безусловно примирје од 30 дена. Тој рече дека овој повик бил поддржан од британските и нордиските партнери во петокот наутро. Францускиот претседател нагласи дека сите сега мора веднаш да работат на …

Continue Reading

Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница. „Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата. Поради здравствената состојба, Санчез нема да го …

Continue Reading

Церемонија на свечено менување на државното знаме пред претседателската вила во присуство на основци од Скопје

Ученици од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“, од општина Аеродром, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, денеска го посетија Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Придружени од своите наставници, учениците ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме. Оваа церемонија се одржува секој втор петок во месецот и се реализира од Баталјонот за почести при македонската …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.

Continue Reading

Руте: „НАТО не вети дека членството на Украина ќе биде загарантирано“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата не ветила дека членството на Украина во таа организација ќе биде загарантирано со мировен договор со Русија. „Сите во НАТО се согласија дека патот на Украина кон НАТО ќе биде неповратен. Но, никогаш не се согласивме дека членството на Украина во НАТО ќе биде загарантирано во рамките на мировниот договор. …

Continue Reading

Фицо до Калас: Немате овластување да ја критикувате мојата посета на Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес ѝ порача на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, дека таа нема овластување да ја критикува неговата посета на Москва по повод Денот на победата. „Како висок функционер на Европската комисија, немате апсолутно никаква надлежност да критикувате суверен премиер на суверена земја кој има конструктивен пристап кон целата европска агенда“, …

Continue Reading

Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми. Нивната средба …

Continue Reading

(Видео) Силно невреме ја погоди Валенсија: улиците се претворија во реки, автомобилите затрупани од град

Силно невреме вчера го погоди шпанскиот регион Валенсија, претворајќи ги улиците во реки и покривајќи ги автомобилите со слоеви град. Градовите низ регионот беа погодени од ненадејни поројни дождови и град што го запре сообраќајот и ги принуди луѓето да бараат засолниште. Heavy rains accompanied by hailstorm in Villar del Arzobispo of Valencia province, Spain 🇪🇸 (08.05.2025) pic.twitter.com/5XUhA2czoB — Disaster …

Continue Reading