Дефиле и Концерт на Националниот џез оркестар за утрешното свечено отворање на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“


postovi-april-otvaranje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија со Концерт на Националниот џез оркестар ќе го одбележи свеченото отворање на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. На 11 април 2025 година, на Градскиот плоштад во Гевгелија, најпрво ќе биде одржано дефиле, во коешто ќе учествуваат на стотина дечиња вклучени во активностите од областа на културата што се реализираат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија- Драмската секција, Ансамблот „Бојмија“ и Танцовото студио „Мистик“. Дефилето ќе започне од ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, во 18:30 часот, со движење кон Градскиот плоштад. Поради што улиците „7 Ноември“ и „Гевгелиски партизански одреди“ ќе бидат под привремен сообраќаен режим сè до пристигнувањето на крајната дестинација- Стариот градски пазар.

Потоа, следува Концертот на Националниот џез оркестар, којшто ќе се одржи на Стариот градски пазар, со почеток во 19:30 часот. Биг-бендот на Националниот џез оркестар, под диригентската палка на Џијан Емин, ќе настапи со изведба на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена, специјално аранжирани со нов, уникатен звук за оваа пригода. Ќе настапат и вокалните солисти: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.


Манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ е поддржана од Министерството за култура и туризам, за што Општина Гевгелија аплицираше на Јавниот повик. Во текот на годината, Гевгелија ќе биде домаќин на голем број настани и проекти на националните установи од областа на културата, како и културни активности на установите, физичките и правни лица на подрачјето на општина Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK