Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени


1742300392_kochani-diskoteka-9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.


Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, по еден пациент на Клиника за токсикологија, на Клиника за детска хирургија, на Клиника за пулмологија и во ГОБ 8 Септември, како и двајца пациенти во приватната болница Систина.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, велат од таму.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK