(Видео) Првите слики и снимки од детската болница по нападот на Киев: 7 загинати, неколкумина се повредени

Screenshot-2024-07-08-122558.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку седум лица загинаа, а неколку се повредени во рускиот напад врз Киев што се случи утринава.



Украинската војска соопшти дека Русија рано утринава лансирала неколку балистички и крстаречки ракети кон главниот град Киев.

Во нападот се користени и хиперсонични ракети кои се десет пати побрзи од брзината на светлината.

Како што пренесуваат медиумите, во нападот била погодена и најголемата детска болница во Киев.

На видеата кои се споделуваат на интернет се гледа дека внатрешноста на болницата е сериозно оштетена.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека во нападот била погодена детска болница, но не кажа дали има жртви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK