Шведската влада: Не треба да се исклучи вооружен напад на Русија против нас

vojska-svedska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија претставува најголема закана за Шведска и нејзините сојузници до 2030 година, оцени шведската влада во својата најнова стратегија за национална безбедност. „Не треба да се исклучи вооружен напад врз Шведска или нејзините сојузници“, се вели во документот.



Во јануари, командантот на вооружените сили им порача на своите сограѓани „ментално да се подготват за војна“. Министерот за одбрана Пал Џонсон рече дека заканата од Русија ќе зависи од текот на војната во Украина, но дека таа е „подготвена да преземе големи политички и воени ризици“.

Во средината на јуни, руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор во близина на стратешки важниот остров Готланд во Балтичкото Море.

По руското заземање на Крим, Шведска почна да ги зајакнува своите воени сили, а по руската инвазија на Украина во 2022 година, одлучи да се приклучи на НАТО. Таа стана полноправна членка на западната воена алијанса во март 2024 година, по 200 години неутралност.

Во новата стратегија, Шведска посветува големо внимание на заштитата на своите стратешки средства, особено на северот на земјата, каде во 2023 година во Кируна, Лапонија беа откриени најголемите наоѓалишта на ретки метали во Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK