​Кисела Вода и „Суперхикс“ со фантастичен концерт ги прославија родендените и го затворија Културното лето (ВИДЕО)

кисела-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


Општина Кисела Вода и култните „Суперхикс“ синоќа со огромен концерт ги прославија своите родендени. Како финале на Културното лето 2024, на денот кога Кисела Вода наполни 69 години, во паркот во Расадник се одржа феноменална журка.

Бендот со кој растеа многу генерации, кој е многу популарен и во Европа, за кој се снимаше документарец од режисерот Спајк Леброн Џонс и доби награда во Кан во 2008, на едно место ги собра и обожавателите од самите почетоци и нивните деца.


На сцената во Кисела Вода синоќа се појавија стотина изведувачи, ѕвезди кои оставиле многу во музичкиот живот во Македонија. Како пријатели на „Суперхикс“ и на Општина Кисела Вода, заедно со бендот кој прослави три децении постоење настапија „Фолтин“,  Дани Димитровска, Мите Димовски, Битолски камерен оркестар, нивни членови од поранешните постави. Како предгрупи се појавија “Ред 18” и  “Ја, Дека и Зека” од Србија.

До доцна во ноќта, од Расадник одекнуваа “Песни глупави”, “Африка”, “Оптимис-ка“, “Знам дека љуби“, “Сила и нервоза”,  “Жал ми е за децата”… Стар и нов материјал кој публиката еднакво го обожува. Во прекрасна атмосфера, со бакљи и огромен огномет се славеа двата родендена-и на „Суперхикс“ и на Кисела Вода која цела седмица со најразлични настани празнува под слоганот “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот!”  

„Среќен роденден наша најубава Кисела Вода, среќен роденден “Суперхикс”! И вечерва храброто срце на градот пулсираше во својот полн сјај! “Суперхикс” и пријателите направија вечер за паметење, нашиот и нивниот роденден го прославивме заедно, а посетеноста и атмосферата која тука ја создадовме сите заедно, на оваа финална вечер, говорат дека и ова Културно лето ќе биде нешто за кое долго ќе се раскажува. Како градоначалник на оваа најстара скопска општина, сакам да ветам дека и понатаму ќе продолжиме со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници и дека родендените и културните лета и натаму ќе бидат со најквалитетна програма“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, синоќешниот настан имаше и хуманитарен карактер. Со картичка, во хуманитарни цели, за лекување на болни дечиња се донираше на поставениот штанд на ECrowd.mk, донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK