Проблеми во францускиот тим, многу играчи се болни

666a0392d9a90.image_.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија со натпреварот против Австрија во понеделник. По средбата во Дизелдорф, Французите ќе играат против Холандија во Лајпциг и Полска во Дортмунд. На само неколку дена пред првиот натпревар Французите се соочуваат со големи проблеми.


Голем број на репрезентативци на Франција се болни, објавија француските медиуми. Селекторот Дидие Дешамп е меѓу болните, а во најлоша состојба е напаѓачот на Баерн, Кингсли Коман.

Повеќетоимаат проблеми со инфекција на горните дишни патишта, а неколкумина се бореле со грчеви и главоболки.

Коман го пропушти заедничкиот тренинг во четвртокот. На почетокот на тренингот го немаше ниту капитенот Килијан Мбапе, но новиот играч на Реал Мадрид подоцна се појави на теренот, но не тренираше.

Од францускиот табор не открија зошто Мбапе го пропушти првиот јавен тренинг на репрезентацијата на стадионот во Падерборн.

„Ми се чини дека ситуацијата е подобрена и дека сме во многу подобра состојба. Во вторникот имав висока температура. Можеби се почна од мене. Сега е подобро, целиот тим е подобар, освен Коман, кој се уште чувствува лошо“, рече на прес-конференцијата на Усман Дембеле.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK