Платформата „Икс“ („Твитер“) објави дека од денеска воведува приватни „лајкови“ како стандардна опција со цел да се заштити имиџот на корисникот.
Засега оваа функција беше достапна само за претплатниците на „Премиум“.
Важно е да им се дозволи на луѓето нешто да им се допадне без да бидат нападнати поради тоа, изјави неодамна извршниот директор на платформата „Икс“, Илон Маск.