Украина под узбуна, издадено предупредување за воздушен напад

Градоначалникот-на-Авдиивка-Ситуацијата-е-многу-тешка-напаѓаат-голем-број.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија рано утринава изврши воздушен напад врз Киев, објави воената администрација на главниот град на Украина на апликацијата за пораки Телеграм.


Неколку експлозии се слушнале во и околу Киев, објавија очевидци на Ројтерс.

Во цела Украина беше издадено предупредување за воздушен напад, нешто по два часот по полноќ.

Еден цивил загина, а три лица се ранети во украинско гранатирање во градот Шебекино во руската област Белгород, изјави гувернерот на регионот што граничи со Украина.

„Човекот починал од раните на лице место пред да пристигне брзата помош“, изјави Вјачеслав Гладков, додавајќи дека двајца ранети се префрлени во локалните болници.

Шест станбени куќи и 11 станбени згради беа оштетени во гранатирањето со повеќецевни ракетни системи, рече тој, пренесува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK