Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на отворањето на конференцијата за обнова на Украина во Берлин изјави дека на Киев му требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана.
„Би сакал да упатам искрено барање до сите овде: ве молиме поддржете ја нашата иницијатива за зајакнување на воздушната одбрана на Украина што е можно повеќе“, рече Шолц на отворањето на дводневната конференција на која присуствуваа околу 2.000 претставници од 60 земји.
Тој посочи дека компаниите имаат клучна улога во обновувањето на Украина, но дека е неопходно да им се објаснат причините зошто треба да инвестираат во неа, пренесува Дојче веле.