Апел за помош на семејството Богановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар

447757105_10231343659045855_3747724986667541839_n
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На ден 04.06.2024 година во 04:00 часот наутро во пожар целосно изгоре домот на семејството Богдановски во Јурумлери.

Пожарот за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да излезат неповредени.


Во посета на семејството беше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој во изјава за медиумите истакна:

Денес сме во посета на семејството Богдановски чиј дом пред неколку дена беше зафатен од пожар и изгоре. Како локална самоуправа ќе дадеме соодветна финансиска поддршка со цел возобновување на овој дом. Ја користам оваа прилика, да ги поканам сите хумани, сите добронамерни луѓе и градежни компании да дадат поддршка со цел семејствата побрзо да се вратат во нормалниот тек на функционирање – изјави Стефковски.

Сите хумани граѓани имаат можност да донираат на следната сметка која е на ќерката на Зоран:

270-7000494939.08 – Халк Банка, со ознака донации на име на Маја Ѓорѓиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK