Тренерот на НЦАА шампионот одбил да ги преземе Лејкерси

big-east-basketball-tournament-final.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ден Харли тренерот на Универзитетот Конектикат ја одбил понудата да стане тренер на Лос Анџелес Лејкерс.


Според американските медиуми, челните луѓе на славната франшиза од Лос Анџелес, на Харли му понудил шестгодишен договор вреден 70 милиони долари.

Познатиот стручњак бил импресиониран од интересот на повеќекратниот НБА шампион, но решил да остане на чело на Универзитетот во Конектикат. Харли ги води популарните ЈуКон Хаскис од 2018 година. Со Универзитетот освои две последователни титули во НЦАА (2023, 2024).

Целта на Харли е со Конектикат да освои уште една титула, односно да дојде до хет-трик.

Лејкерси му врачија отказ на тренерот Дарвин Хам откако беа елиминирани во првото коло од плејофот во НБА лигата. Под водство на Хам во изминатите две сезони во лигата, Лејкерси имаа скор од 90-74 и стигнаа до плејоф двете сезони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK