Најбрзиот во историјата сериозно се повреди на фудбалски натпревар

1718089158-GettyImages-2156817039.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Усеин Болт, најбрзиот човек во историјата, се здоби со тешка повреда за време на хуманитарен фудбалски натпревар во Лондон.

Светскиот рекордер на 100 метри има раптура на Ахиловата тетива.

Јамајканецот играше за Тмот на светот против селекцијата на Англија на стадионот „Стемфорд Бриџ“ како дел од кампањата „Фудбалска помош“.

„Ахиловата тетива ќе пукне, но знаете дека јас сум воин“ – напиша Болт покрај сликата со патерици од соблекувалната во Лондон.

Болт е пензиониран од атлетиката речиси седум години. Негов последен натпревар беше Светското првенство во Лондон во 2017 година. На Олимписките игри од Пекинг до Рио трипати по ред освојуваше златни медали на 100 и 200 метри, а неговите 9,58 на 100 метри и 19,19 на 200 метри се уште се најдобри резултати на сите времиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK