Возач во Гостивар излетал од патот и со возилото паднал во река, повредени две лица

policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 04.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Падалиште, во с.Беловиште, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(54) од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.Ф.(52) од Гостивар, констатирани во Медицински центар Гостивар.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид на увидна екипа од ОВР Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK