Во прилог став на кандидатот за Претседател на СДСМ, Јован Деспотовски во врска со системскиот закон за реорганизација на министерствата.
Клучното прашање е дали ова отвора врати за нови вработувања во јавниот сектор. Ако да, СДСМ треба односно требаше да побара со новите закони:
- Да се регулира статусот на сите оние што се на договор или на определено, а кои сега стравуваат за своите работни места (такви имаме навистина многу)
- Да се ограничат сите нови вработувања и
- Да се побара одговор дали и како со новите институции граѓаните ќе добијат подобра услуга од државата.
Со мудар пристап секогаш можат да се заштитат и граѓаните и јавниот интерес. – посочуваат од тимот на Деспотовски